Курти: Косово ќе донесе одлука за табличките само кога ќе се увери дека Србија ја спроведува својата

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Косово ќе ги признае регистарските таблички од Србија дури откако ќе се увери дека Србија целосно ќе ја спроведе одлуката за слобода на движење на возилата со регистарски таблички од Република Косово (РКС).

-Оваа акција на Србија треба повеќе да се чита како конструктивна, а не како чекор кон нормализација. Тоа е повеќе маневар за српската држава, не за државата Косово, туку за властите во Белград. Нашиот став во однос на табличките беше поддржан на начелото на реципроцитет. Ќе продолжиме да бидеме начелни, принципиелни и ќе го поставиме прашањето за реципрочни државни односи кога нашата гранична полиција ќе документира и потврди дека Србија ќе ја спроведе својата одлука целосно, без пречки, рече Курти на седницата на косовската Влада, пренесува радио Ким.

Курти кажа дека одлуката е задоцнета и дека Србија ја донела по десет години неспроведување на договорот.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Косовскиот премиер смета дека Србија ја донела оваа одлука во обид да ги избегне критиките од меѓународната заедница поради неуспехот на изборите во Србија.

-Значи, табличките во септември беа искористени за заканување кон Косово и преку авионите Миг29 што беа кренати на небото за да се создаде дестабилизација на северот на земјата, особено по барикадите што беа поставени на улиците од четири општини во декември минатата година, а во декември годинава се користат за намалување на притисокот од демократскиот Запад и САД поради нерегуларните избори, за покривање на официјалниот договор што беше испратен до Европскиот совет на 13 декември со писмото на Брнабиќ и за маскирање на нивниот неуспех во Бањска на 24 септември, додаде премиерот Курти на седницата на владата, пренесен од косовското радио Ким.

МИА

- Реклама -