„Највисокиот ноќен клуб во светот“: Detour Discotheque пролетва на Швајцарските Алпи (ВИДЕО)

Detour Discotheque е ноќен клуб којшто носи добра забава во најоддалечените, а убави делови на светот. Музичкиот проект на диџејот и новинар – Џони Енсал, во мај ќе се сели на три планински места во Швајцарија.

Во 2022 година проектот беше испробан во малото рибарско село Тингеyри на Исланд, а оваа година уметничкиот перформанс гостуваше и на островот Кол во Шкотска. Следната 2024 година ќе ги освојува врвовите на Швајцарските Алпи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joel Furrer (@joel.pjj)

Имено, „Дискотеката Детур“ од 10. до 12 мај 2024 година ќе биде отворена во долината Лаутербрунен, којашто патем, изгледа како сцена за љубовен филм – опкружена со високи планински врвови, бројни водопади и зеленило, пренесува Punkufer.

Така, првата забава е на огромна тераса близу планинскиот врв Бирг на околу 2.680 метри надморска височина. Ден подоцна, забавата се преместува на врвот на Шилторн во ресторанот „Пиз Глорија“ – на 2.970 метри височина. Со тоа, ќе биде највисокиот ноќен клуб во Европа, според списанието TimeOut.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Detour Discotheque (@detourdisco)

Швајцарската авантура на „патувачката дискотека“ завршува во салата „Тринкал ам Клајнен Руген“ во гратчето Интерлакен.

Билетот за тридневниот настан може да се купи за 313 евра на официјалната интернет-страница на „Дискотеката Детор“, а вклучува и користење на жичарницата, со што полесно се стигнува до веќе највисоката дискотека во Европа.

- Реклама -