Ирак бесен по одмаздничките американски воздушни напади: Тоа е неприфатлив напад врз ирачкиот суверенитет

Ирак денеска ги осуди американските воздушни напади во земјата како „непријателски чин“ откако Пентагон соопшти дека гаѓал три локации што ги користеле проиранските сили.

Владата во Багдад соопшти дека нападите во кои загина еден член на безбедносните сили и беа ранети 18 други лица, вклучително и цивили, се „неприфатлив напад врз ирачкиот суверенитет“ што ги нарушува билатералните односи.

Американската војска синоќа изврши воздушни напади во Ирак како одговор на нападот со дрон од страна на проирански милитанти врз американска воена база во Ербил, Ирачки Курдистан, во кој беа повредени тројца американски војници, а еден е во критична состојба.

Групите поврзани со Иран во Ирак и Сирија се противат на израелската кампања во Газа и ги сметаат САД за делумно одговорни.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

„Овие напади имаат за цел да ги повикаат на одговорност оние елементи директно одговорни за нападите врз коалициските сили во Ирак и Сирија и да ја намалат нивната способност да продолжат со нападите. Секогаш ќе ги штитиме нашите сили“, изјави генерал Мајкл Ерик Курила, шеф на американската Централна команда.

- Реклама -