Скопје со сообраќајна блокада, од МВР велат надлежен за крстосниците е Град Скопје преку ЦУКС

Скопје попладнево беше неколку часа под сообраќајна блокада, при што голем број возила и автобуси останаа заглавени по улиците и крстосниците.

Во врска со сообраќајниот хаос во Скопје, од МВР велат дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС)“.

-Бидејќи попладнево настана сообраќаен метеж, (на што објективно влијаеја и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните  поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за  безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот и очекувамр метежот наскоро да биде расчистен, велат од МВР.

Прочитајте и:  Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема во возилата
- Реклама -