ЕУ членството на Украина ќе доведе до распад на Унијата, вели Песков

Украина може да го поткопа целиот систем на Европската Унија доколку стане членка, оцени денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. На прес-конференција во Москва тој рече дека оваа земја ќе биде товар што ЕУ нема да може да го подигне.

– Има многу зборови, но навистина, се разбира, приемот на земја како Украина во ЕУ… едноставно би го поткопало целиот систем на ЕУ. И трезвените глави разбираат дека тоа ќе биде товар што ЕУ едноставно нема да може да го понесе и ЕУ ќе се распадне, истакна Песков.

Тој вели дека претставниците на ЕУ во моментов разговараат само за можноста за доделување членство на Киев, а искуството покажува дека таквите дискусии можат да траат со децении.

Прочитајте и:  Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море
- Реклама -