Apple тестира нова функција на App Store наречена „contingent pricing“ (непредвидливи/условени цени) со цел да ги привлече корисниците на претплати по намалени цени, базирани на другите претплати на корисникот. Ваквиот модел ќе им овозможи на девелоперите да нудат попусти на корисниците кои веќе имаат претплати на други сервиси, било да се работи за други апликации од истиот девелопер или поврзани апликации од партнерите со кои соработува.
Apple вели дека овие „зделки“ ќе бидат „високо видливи“ за корисниците, како во App Store, така и на „маркетинг каналите вон платформата“.
Новиот модел во моментот се тестира на група учесници, а ќе биде пуштен за поширока примена „во следните месеци“.
Извор: Engadget