Зеленски: Украина нема да прифати влез во НАТО без окупираните територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата Украина да влезе во НАТО без нејзините територии окупирани од Русија, јави ДПА.

„Украина нема да се согласи на поделен пристап. Не добивме таков предлог од ниту еден од нашите партнери. Исто така, тешко ми е да замислам како тоа би изгледало“, изјави денеска Зеленски во Киев.

Тој додаде дека „најсилната безбедносна гаранција за Украина ќе биде нејзиниот пристап во западниот одбранбен сојуз како цела земја“.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, сугерираше дека Украина може да биде прифатена во воениот сојуз дури и ако не ја контролира целата нејзина територија, тврдејќи дека тоа ќе ја одврати Русија од напад на украинска територија.

Прочитајте и:  Кремљ: Американската противракетна база во Полска бара соодветни мерки

МИА

- Реклама -