61-годишниот Том Круз го изнајмил целиот кат од луксузен лондонски ресторан за романтична вечера со својата нова љубов – 36-годишната Русинка, Елсина Хаирова.
Актерот веројатно најпознат по франшизата „Невозможна мисија“, кој минатата недела првпат беше забележан со Хаирова, поранешна сопруга на олигарх, изнајмил цел кат од познатиот ресторан „Новиков“ во Мејфер, а според британскиот „The Sun“, Том, кој вреди 500 милиони фунти, потрошил 500 фунти на вечера со јастог и суши за двајца.
Том изгледал многу заљубено и заинтересиран за секој збор на Елсина. Двајцата изгледале физички многу блиски, изјавил извор за таблоидот.
Имало момент кога им се придружило американското обезбедување на Круз, кое интервенирал откако еден од вработените побарал селфи.
„Том беше многу дарежлив и на персоналот им даде бакшиш по 100 фунти пред тој и Елсина да излезат од страничната врата на пат кон автомобилот“, додал изворот.
Актерот е виден како се прегрнува со дамата на забава со пријателите, кои тврдат дека холивудската ѕвезда е „опседната“ со Русинката и дека тие се „неразделиви”.
Поранешната манекенка, која има британско државјанство, претходно беше во брак со рускиот тајкун Дмитриј Цветков, со кого делеше имот од 22 милиони фунти на Вентворт во Сари, како и куќа од 18 милиони фунти во Лондон.
Парот поседувал и имоти во Дубаи и Кипар, како и автомобили, накит и уметнички колекции вредни милиони фунти.
Нивниот скандалозен развод се најде на насловните страници летово, откако Хаирова беше обвинета дека криела значителни средства од нејзиниот поранешен сопруг, вклучувајќи ја и колекцијата на чанти од 1 милион фунти.
Но, нејзиниот поранешен сопруг го предупредил актерот дека неговата нова љубов е тешко да се задоволи – и тврди дека за време на нивниот бурен 11-годишен брак потрошил неверојатни 10 милиони фунти на облека и дополнителни 2 милиони фунти на чанти.
„Без разлика со кого е – Том Круз или кој било друг, тој треба да знае дека таа ги сака пофините работи во животот и има скап и луксузен вкус. Том треба да ги држи очите и паричникот широко отворени“, изјавил тајкунот во интервју за MailOnline.