Писториус: Европа мора да се вооружи поради новите закани, можеби ќе треба да ја надомести и американската помош за Украина

Со оглед на тоа што европскиот безбедносен сојузник САД го пренасочува својот фокус на Индо-Пацификот, Европа мора брзо да обезбеди подобра одбрана бидејќи до крајот на деценијата може да се појават нови воени закани, изјави германскиот министер за одбрана.

Русија значително го зголеми производството на оружје со цел да ја нападне Украина и им се заканува на балтичките земји, Грузија и Молдавија, изјави Борис Писториус во интервју за Велт ам Зонтаг.

Во меѓувреме, САД најверојатно ќе го намалат својот воен ангажман во Европа бидејќи се повеќе се свртуваат кон Индо-Пацификот.

„Ние Европејците мора да бидеме поангажирани за безбедноста на нашиот континент. Имаме околу 5-8 години да фатиме чекор – во однос на вооружените сили, индустријата и општеството“, рече Писториус, истакнувајќи дека на регионот ќе му треба време да зголеми сопствено производство на оружје.

Прочитајте и:  Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со „Кинжал“

На Европа ѝ е јасно дека можеби ќе треба да ја надомести и американската помош за Украина доколку Вашингтон не успее да се договори за ново финансирање, додаде тој.

„Изборот на нова полска влада која е попроевропска сега треба да му овозможи на Вајмарскиот триаголник од Берлин, Париз и Варшава дополнително да ја развива воената соработка“.

Писториус рече дека засега не предвидува дека германската армија ќе повтори мисии толку големи како оние извршени во Авганистан и Мали.

МИА

- Реклама -