Најмалку 26 лица се повредени во бизарен напад во Керечко, Украина, кога украински локален политичар фрлил рачни бомби за време на состанокот во зградата на општинската заедница.
Политичарот е идентификуван како Сергеј Бартин, а според украинските медиуми, пред кобната средба тој наводно се скарал со селскиот началник.
Камерите го снимиле моментот кога човекот, кој првично не беше именуван, но беше посочен како заменик во локалната заедница, вади неколку рачни бомби од џебот и ги пушта/ги фрла на подот во полната просторија, меѓу нозете на останатите присутни.
Од видеото се гледа дека дел од присутните првично не изгледаат исплашени, туку ноншалантно гледаат кон бомбите што се тркалаат на подот и кон нивниот колега, веројатно мислејќи дека тој блефира и дека не е можно некој да посегне по таков чекор. Веќе следниот момент бомбите почнуваат да експлодираат и просторијата се претвора во хаотичен кошмар.
„Во инцидентот повредени се 26 лица, од кои шест се во тешка состојба. Мажот што ги активирал гранати се реанимира“, соопшти полицијата.
Бизарниот инцидент е оквалификуван како терористички напад, за чија истрага е надлежна Службата за безбедност на Украина (СБУ), објави на Фејсбук Одделот за комуникации на полицијата на областа Закарпатија.
Шефот на регионалната воена управа на Закарпатија, Виктор Никита, изјави дека поради детонирањето на гранатите биле повикани итните служби на регионалните безбедносни служби.
„Поведена е кривична постапка, се утврдуваат околностите на кривичното дело. Свикан е итен состанок на Регионалниот совет за одбрана за донесување итни оперативни одлуки“, се наведува во соопштението.
Никита додаде дека на одделот за здравствена заштита на регионот Закарпатија му е наредено да организира поддршка за лекување на жртвите од експлозијата, да ја обезбеди сета потребна медицинска опрема и да организира работа со семејствата на ранетите.
Според неофицијални информации, нападот бил извршен на седница на која пратениците расправале за буџетот за 2024. Наводно, напаѓачот бил избран во Советот од партијата „Слуга на народот“.
Снимката, објавена на социјалната мрежа „Икс“, е, благо речено, вознемирувачка.
🚨BREAKING: UKRAINE DEPUTY DETONATES GRENADE IN COUNCIL MEETING | 1 DEAD, 26 INJURED pic.twitter.com/2KYTAdxYEh
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) December 15, 2023