Орбан за почетокот на ЕУ преговорите на Украина: Унгарија не сакаше да учествува во одлуката, оставивме на другите

Унгарија не сакаше да учествува денеска во донесувањето на „лошата одлука“ на Европскиот совет за почеток на преговорите за членство на Украина во ЕУ и остана настрана од оваа одлука, објави премиерот Виктор Орбан на својата Фејсбук страница.

„Но, 26-те земји-членки беа категорични дека таа одлука треба да биде донесена, така што Унгарија одлучи дека ако 26-те одлучат така, тие треба да одат по својот пат. Унгарија не сакаше да биде вклучена во таа лоша одлука и затоа остана настрана од неа, рече Орбан.

Дипломатите на ЕУ тврдат дека унгарскиот премиер не бил во салата, каде се одржуваше самитот, но знаел и се согласил другите лидери да гласаат за Украина во негово отсуство, пренесуваат западните агенции.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари
- Реклама -