Почина турскиот пратеник што доживеа срцев удар во Парламентот додека критикуваше за Газа

Турски опозициски пратеник почина денеска, два дена откако доживеа срцев удар во Парламентот додека ја критикуваше политиката на владата кон Израел, завршувајќи со зборовите: „Ја имате крвта на Палестинците на вашите раце“.

Хасан Битмез (54), пратеник од опозициската партија Саадет, почина во болница во Анкара, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа во телевизиско обраќање.

На снимката од турскиот Парламент се гледа како Битмез (54) паѓа на подот по говорот во кој ја критикуваше владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган за трговијата на Турција со Израел и покрај војната во Газа и острите критики на турската Влада поради израелските бомбардирања.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

„Дозволувате бродови да одат во Израел и бесрамно го нарекувате трговија. Вие сте соучесник на Израел“, рече Битмез во говорот откако постави транспарент на подиумот на кој пишува „Убиец Израел; соработник на АКП“.

– Имате крв на Палестинци на вашите раце, вие сте соработници. Вие придонесувате за секоја бомба што Израел ќе ја фрли врз Газа, им рече тој на пратениците за време на дебатата за буџетот за 2024 година.

МИА

- Реклама -