Македонски Телеком организираше еднодневна бизнис конференција, за повеќе од 300 посетители, со цел да мотивира помасовно користење на дигиталните решенија, но и да презентира иновации за иднината.
Сајбер безбедноста, клаудификацијата на бизнисите, хибридните дата центри и решенијата за паметен град беа во фокусот на конференцијата. Експерти од Македонски Телеком и од Дојче Телеком ја споделија својата експертиза и отворија дискусија на овие теми.
„Дигиталната трансформација е процес од кој зависи нашата иднина. Веруваме дека дигиталните решенија се одговор на предизвиците на модерното време и тука сме да го помогнеме дигиталниот раст на бизнисите, институциите и целото општество“ – изјави Марјан Богатиновски, Главен директор за деловни корисници на Македонски Телеком.