Зеленски на средбa со американски воени компании, предлага „европски одбранбен центар“ во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски декеска во Вашингтон повика на создавање европски воен центар во Украина.

Зеленски на „Х“ изјави дека на средбата со лидерите на американските одбранбени компании презентирал предлог за формирање на европски одбранбен центар во неговата земја што ќе го забрза и зголеми производството на воена опрема и муниција.

„Се сретнав со лидерите на американските одбранбени компании и изразив благодарност до секој американски работник кој произведува оружје што ни помага да ги заштитиме нашиот народ и нашата земја. Подготвени сме да ги донесеме сите суштински одлуки, да ја намалиме бирократијата и да дистрибуираме нарачки. Подготвени сме да произведеме повеќе муниција и воени возила, но ни треба поддршка. Важно е да се развие заедничко производство на артилериска муниција, системи за противвоздушна одбрана и артилериски и ракетни системи“, напиша Зеленски.

Прочитајте и:  Вучиќ презадоволен од разговорот со Трамп: Нема да верувате, тој дури зборуваше и за спортските успеси на Србија

Зеленски треба да им се обрати на американските сенатори и да се сретне со претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, чии републикански колеги го блокираа предлог-законот што вклучува десетици милијарди долари воена помош за Украина.

Тој треба да се сретне со Бајден подоцна попладнево, кога двајцата лидери ќе разговараат за, како што рече Белата куќа, „итни потреби“ со кои се соочува Киев во борбата против руската инвазија.

Украинскиот претседател е во САД откако го откажа видео-обраќањето на 5 декември до американските сенатори, бидејќи дебатата се вжешти околу барањето на Бајден за речиси 106 милијарди долари за финансирање на војните во Украина и Израел.

МИА

- Реклама -