Новиот аргентински претседател Милеи го преполови бројот на министри

Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи го намали бројот на министерствата за половина, одржувајќи го ветувањето дадено за време на изборната кампања.

Ова намалување беше неопходно „за да се рационализираат активностите на националната држава и да се направат поефикасни“, се вели во денешното соопштение на Владата.

Милеи, ултра-либерален економист и самонаречен „анархо-капиталист“, го потпиша указот вчера, откако положи заклетва како претседател на церемонијата во Буенос Аирес, на која присуствуваа голем број светски лидери.

Бројот на министерства ќе се намали од 18 на девет.

Формирано е ново Министерство за човечки капитал, кое ги комбинира министерствата за социјален развој, здравство, труд и образование. Поранешното Министерство за жени, родови и различности сега е подредено на Министерството за човечки капитал. Министерството за правда и човекови права сега ќе се нарекува само Министерство за правда.

- Реклама -