Кулеба: Ако ЕУ неделава не отвори преговори со Украина тоа ќе има погубни последици

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги предупреди лидерите на Европската Унија дека ако не успеат да се согласат да ги отворат преговорите за членство со Киев на нивниот Самит оваа недела, тоа ќе има „погубни последици“.

„Не можам ни да замислам“, им рече Дмитро Кулеба на новинарите во Брисел.

„Не сакам ни да зборувам за катастрофалните последици што ќе се случат доколку Советот не ја донесе таа одлука“.

Самитот на лидерите на ЕУ се одржува на 14 и 15 декември, на кој треба да се донесе одлука за интегративните перспективи за Украина, Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина.

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна
- Реклама -