Цариниците во Охрид и Скопје спречиле нелегален внес на 84 часовници и 7560 парчиња накит

Царински службеници од царинските испостави Охрид и Аеродром Скопје по извршена контрола спречиле обид за криумчарење на 84 часовници од марката „Касио“ и 7560 парчиња накит.

-Непријавените часовници се откриени при контрола на возило на царинска испостава Охрид кое се пријавило за увозно царинење. Во увозната декларација декларирани се 66 парчиња рачни часовници од марката „Касио“, но при контрола на стоката утврден е вишок на производи што не се опфатени со декларацијата, односно непријавени 84 часовници од истата марка, соопшти Царинската управа.

Непријавениот накит, пак, односно 7560 парчиња обетки и седум килограми циркони, се откриени при контрола на патните торби на турски државјанин кој допатувал со авион од Истанбул.

Прочитајте и:  Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока

-Непријавените производи се запленети, и поведени се соодветни прекршочни постапки, се наведува во соопштението. 

- Реклама -