Градинката „Моби“ во округот Локстедт во Хамбург одбива годинава да постави божиќна елка и украси. Причината? Не биле сите деца католици.
Управата на градинката им испратила писмо на родителите во кое ги известува дека сака „да ја почитува верската слобода“.
„Не сакаме да исклучиме ниедно дете или неговата вера. Затоа во текот на празниците украсите ќе бидат прилагодени. Просториите се уредени и и направени се адвентски календари“, објасниле во писмото.
Многу родители, баби и дедовци се огорчени поради одлуката. Барбара Сиверт, која во градинката доаѓа по својата внука, за германски „Билд“ рекла дека елката е дел од божиќниот период.
„Мислам дека е тажно што децата во оваа градинка нема да имаат елка“, рекла таа.
Градинката „Моби“ е дел од Фондацијата за детски градинки Finkenau, која управува со 30 градинки. Индивидуалните објекти сами одлучуваат дали и како ќе ги украсат просториите. Линда Костер, дел од управата на фондацијата, не гледа ништо спорно во тоа годинава да се изостави украсувањето.
„Тимот одлучува кои божиќни и новогодишни традиции ќе бидат вклучени. Оваа година имаше барање од советот на родители дали може да има новогодишна елка. Но веќе постоеја други планови и тимот одлучи дека тоа е доволно. Не е само една традиција и не можеа да ги спроведат сите обичаи. Градинката не е продолжен дневен престој за родителите, туку образовна институција“, вели таа.
Извор: 021.рс