Јелен: САД ќе бидат одговорни за поразот на Украина доколку помошта не се изгласа во Конгресот

САД ќе бидат „одговорни за поразот на Украина“ доколку Конгресот не го одобри новото барање на администрацијата на Бајден за повеќемилионско финансирање на земјата разорена од војната, изјави американската министерка за финансии, Џенет Јелен, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го откажа обраќањето во американскиот Конгрес.

Таа вчера во Мексико Сити оцени дека финансирањето, особено на општиот државен буџет на Украина, е „апсолутно неопходно“ и дека тоа е предуслов за поддршката на Меѓународниот монетарен фонд да продолжи да стигнува до Украина.

Јелен кажа дека финансирањето на Украина е од суштинско значење за сите американски сојузници во Европа, кои и помагаат на земјата да ја добие борбата против руската инвазија.

Прочитајте и:  Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо

Шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека доцнењето на помошта од САД создава „голем ризик“ Украина да ја загуби речиси двегодишната војна.

Украинскиот лидер подоцна го откажа говорот пред Конгресот во кој се очекуваше да го истакне барањето за директна американска помош, додека пратениците дебатираа за дополнителен пакет трошоци од повеќе од 100 милијарди американски долари што ќе вклучува помош за Украина и Израел, како и финансирање за граничната безбедност. с

- Реклама -