Секоја година Холивуд исфрла „историски спектакли“ кои се толку извртени и полни со пропаганда, што мора да се запрашаме дали мислат дека сме толку глупави, мислат дека никој нема да забележи или пак нешто друго е во прашање. Обидете се да ги поправите неточностите во тие филмови и ќе го дознаете она што сценаристите го знаат одамна – историјата е здодевна…
Секоја година Холивуд исфрла „историски спектакли“ кои се толку
извртени и полни со пропаганда, што мора да се запрашаме дали мислат
дека сме толку глупави, мислат дека никој нема да забележи или пак
нешто друго е во прашање. Обидете се да ги поправите неточностите во
тие филмови и ќе го дознаете она што сценаристите го знаат одамна –
историјата е здодевна…
11. „Гладијатор“
Филмот: Расел Кроу и Ридли Скот ни ја доловуваат епската приказна за Максимус, римски генерал кој станал роб, роб кој станал гладијатор, гладијатор кој му се спротиставил на император, итн.
Неточностите: Комодус, императорот со зајачка уста кој ја сака сопствената сестра во филмот, во вистинскиот живот бил високопочитуван од сенатот и владеел успешно цели 13 години (наместо како што е прикажано – едвај неколку месеци). Исто така, императорот бил вљубен во гладијаторските борби, но нив ги следел инкогнито, никогаш не излегувал јавно во арената. Бил убиен во бања, од борач кој се викал Нарцисус, за да го спречи да го прифати местото конзул.
Зошто поинаков крај би бил неуспешен: Никој не сака да гледа како на Расел Кроу му се потребни 13 години за да убие еден император, кој во суштина е добар човек, за на крајот сепак да не успее и задоволството да му го препушти на некој борач. Ги сакаме негативците како што ги сакаме приказните за настанокот – со имплицирани инцестни врски! Исто така, секој римски војник кој ќе излезел од формација за време на битка против варвари, бил безмилосно убиван од своите, така што филмот ќе завршеше по првите петнаесетина минути.
10. „Храбро срце“
Филмот: Најраниот пример на Мел Гибсон за „слободна“ интерпретација на историјата. „Храбро срце“ го означува стартот на кариерата во која подоцна Гибсон ќе успее да сведе комплексни политички прашања до синтагмата – Мел Гибсон убива Англичанец со секира („Патриот“) и чудни сцени на измачување на неговите херои („Страдание“).
Неточностите: Вилијам Волис не бил сиромашен човек кој се издигнал од сиромаштија за да ја предводи борбата за одбрана на својата татковина, туку напротив, бил витез, од благородничко семејство. Неговиот татко, Малком, не бил убиен од Англичаните, туку се борел на нивна страна, во замена за политичка наклонетост. Волис и неговите трупи не носеле килтови, туку кошули со боја на шафран.
Зошто поинаков крај би бил неуспешен: Доколку Мел Гибсон биде присилен да игра друга улога освен онаа на праведливиот воин-крал-одмаздник, неговото лице ќе се стопи од предизвикот, откривајќи ги електричните кола внатре. Колку и да звучи тоа привлечно, не би било забавно во филм. Дополнително, ќе ја снемаше возбудата од годините врескање: „Можат да ни ги одземат нештата, но никогаш нема да ни ја одземат слободата!“… во ситуација во која ви ги одземаат ноктрачињата пред да се качите во авион.
9. „Патриот“
Филмот: Американец чиј дом го напаѓаат странци се спобудалува и ги убива сите кои се од истата раса како тие што го нападнале, дури и оние кои немале никаква врска со настанот.
Неточностите: Бенџамин Мартин, бледо именуваниот лик кој го игра Мел Гибсон е всушност базиран на човек кој учествувал во револуцијата, Френсис „Мочуришна лисица“ Мерион. Освен фактот што има позабележително име, постојат и други значајни разлики меѓу Мел и Мерион. Мерион, на пр., никогаш сам не успеал да убие цела британска пешадиска единица. Но, за волја на вистината, успеал да масакрира десетици невооружени Чироки Индијанци и повеќекратно ги силувал своите робинки.
Зошто поинаков крај би бил неуспешен: Навистина, евентуалниот таков крај би ни дал малку побрзо предупредување дека нешто не е во ред со Мел Гибсон, но не е јасно дали некој би сакал да гледа филм во кој лошите палат цркви полни со луѓе, додека добрите силуваат робинки и ловат луѓе за забава. Никој нема да знае за кого да навива, освен можеби за Французите, но кој би сакал да го прави тоа?
8. „Студена Планина“
Филмот: Џуд Ло кој го игра војникот на конфедерациските сили, В.П.Инман, се обидува да се врати кај својата љубов, Ада. За да стигне до неа, тој мора да ги надмине бројните проблеми – непредвидливата дивина, ужасите на војната и фактот што е присилен да ја гледа Рене Зелвегер на подолг период.
Неточностите: Џуд дезертира по една ужасна битка, додека вистинскиот Инман бил два пати уапсен за „кукавичко напуштање на својата позиција“. Исто така, Инман го започнува патувањето од болница во Рајли, Северна Каролина, некои 400 километри источно од Студена Планина. Зачудувачки е како успева да стигне до Атлантикот, кој е грубо 650 километри во спротивната насока, пред да стигне дома.
Зошто поинаков крај би бил неуспешен: Освен погореспоменатите нешта, факт е дека жените од тој век, никогаш не ги бричеле нозете. Земете ги сите љубовни сцени меѓу него и Ада, додадете едно чудо влакна и ќе ви стане јасно за што станува збор…
7. „Марија Антоанета“
Филмот: Кирстен Данст прави пауза од секојдневието на Менхетен во кое е егоцентрична и секогаш незадоволна, за да биде егоцентрична и секогаш незадоволна во осумнаесеттиот век во Франција.
Неточностите: Еден од конфликтите во филмот е помеѓу Марија и Луи (Џејсон Шварцман) зашто имаат потешкотии со имањето наследник. Во реалноста, Луи имал фимоза, состојба која доведува до неможност за повлекување на кожата на врвот на пенисот. Подоцна, проблемот бил поправен со операција и двојката добила пород.
Зошто поинаков крај би бил неуспешен: Единственото нешто што публиката помалку сака да го види отколку караниците меѓу Кирстен Данст и Џејсон Шварцман околу кожата на неговиот пенис, веројатно се снимките од операцијата, со сите благодети на медицината од тоа време…
6. „Амадеус“
Филмот: Моцарт, рок-ѕвездата на своето време, спие со благороднички и компонира неверојатно добра музика без да се помачи, а спроти него е неговиот ривал Салиери, кој толку многу време посветува на плановите за погубување на Моцарт, што станува тешко да не го замислите Снајдли Виплеш во таа улога.
Неточностите: Иако Моцарт уживал да кажува шеги, сепак, бил далеку од идиотот кој секогаш се кикоти. Исто така, најголемиот дел од историчарите се согласни дека односот меѓу него и Салиери бил повеќе пријателско ривалство, збогатен со заемно почитување и восхит. И иако филмот навестува дека Салиери можеби го отрул Моцарт, вистина е дека Моцарт се испијанил до смрт.
Зошто поинаков крај би бил неуспешен: Филм за пријателското ривалство на Моцарт со некого кого го почитува и му се восхитува, во кој постепено се опива до смрт би бил подеднакво интересен колку и домашните филмови кои ги снимаат луѓе кои мислат дека имаат талент за да бидат режисери.