Спасовски за убиството на Вања: Прострелна рана е во прашање, пронајдени се два пиштола во Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на прашање дали 14-годишната Вања била задушена или починала од прострелна рана, рече дека се работи за прострелна рана.

– Точниот наод на обдукцијата ќе покаже, меѓутоа прострелна рана е во прашање, рече Спасовски на вонредната прес-конференција на која соопшти дека е фатен првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо.

Во однос на тоа дали е најден пиштолот со кој е пукано, министерот Спасовски рече дека се најдени два пиштола во Скопје кои треба да се вештачат за да се утврди дали е тоа оружјето со кое е убиено девојчето.

Тој потврди и дека полицијата го има пронајдено мобилниот телефон на Вања.

Прочитајте и:  Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, Кешишов го сменил првичниот исказ

Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а во неделата на 3 декември е пронајдено нејзиното тело во Бразда во околината на Скопје.

- Реклама -