Третина од тинејџерките во Јапонија можеби нема да имаат деца

Речиси третина од 18-годишните девојки во Јапонија можеби никогаш нема да имаат деца, објави во средата владиниот институт.

Јапонскиот Национален институт за демографски истражувања (IPSS) проценил во извештајот дека 33,4 отсто од жените родени во 2005 година би можелe да бидат без деца. Според најоптимистичкото сценарио, без деца би останале 24,6 отсто од сегашните тинејџерки, а според најлошто 42 проценти од нив.

Премиерот Фумио Кишида во јуни годинава вети дека демографската криза која ја тресе оваа азиска земја со години, ќе се обиди да ја разреши со „невидени“ мерки, вклучително и надоместоци за семејства со три или повеќе деца.

Истражувањето на службената новинска агенција Kyodo News објавено набрзо потоа, меѓутоа, покажа дека околу две третини од граѓаните немаат надежи дека таквите политики ќе бидат ефикасни.

„Имајќи го предвид порастот на трошоците за животот, сметам дека луѓето мислат оти не можат да си дозволат да имаат деца или дека не можат лесно да се одлучат на деца“, рекла за Reuters 23-годишната Ана Танака.

Бројката деца во Јапонија паѓа повеќе од четири децении, бидејќи Јапонците сѐ помалку се склони да склучат брак и на родителството и сѐ повеќе се згарижени за сопствените финансии, покажува споменатото истражување.

Директорот на IPSS за демографски истражувања Михо Ивасава вели дека Јапонците подоцна влегуваат во брак, што доведува до понизок наталитет.

Во 2020 година Јапонките по првпат склучувале брак на просечна возраст од 29,4 години, или за 3,9 години подоцна отколку во 1985 година, според владините податоци. Влегувањето во брак во доцните 30-ти години од животот често како последица има семејство со едно дете, вели Ивасава.

Овој тренд би можело да предизвика маѓепсан круг од бројот на младите кои подоцна имаат помалку деца, смета Такуја Хошино, виш економист од Истражувачкиот центар „Dai-ichi Life“. Според него, имајќи предвид дека Јапонците имаат помалку деца, можат повеќе да потрошат на секое дете отколку што тоа го можеле семејствата во минатото.

Тоа ја подигнува просечната цена за воспитување на децата и одвраќа некои луѓе од родителството. Така, партиципациите за школување на приватните универзитети се зголемиле за пет пати во периодот од 1975 до 2021 година, и за 19 пати во јавните државни универзитети.

„За падот на наталитетот не може да се одреди само една причина“ вели Ивасава.

Јапонија во 2020 година имала 126,15 милиони жители, а до 2070 година таа бројка би можела да падне на само 87 милиони луѓе, се предупредува во истражувањето на IPSS.



Извор

- Реклама -