Британски товарен брод погоден од ракета во Црвеното Море

Британски товарен брод што пловел во Црвеното Море бил погоден од ракета, соопшти компанијата за поморска безбедност „Амбри“.

„Британски товарен брод под знамето на Бахамите, наводно, бил погоден со ракета додека го минувал Црвеното Море, приближно 34.5 километри северозападно од Мока, Јемен“, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Бета.

Британската агенција за поморска безбедност (UKTMO) соопшти дека добила извештај за активност на беспилотни летала „во близина на Баб ел Мандеб, од правец на Јемен“.

Бунтовниците Хути во Јемен се заканија дека ќе ги нападнат бродовите на Израел и сојузниците на Израел во Црвеното Море, како одмазда за војната на земјата против палестинскиот Хамас во Газа.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -