Рускиот претседател Владимир Путин нареди зголемување на бројот на руските вооружени сили за 15 отсто, пренесоа светските агенции.
Наредбата е содржана во претседателскиот декрет потпишан од Путин и објавен на веб-страницата на Кремљ. Во него зголемувањето се објаснува со „зголемените закани“ поврзани со конфликтот во Украина.
Армијата ќе брои 2.2 милиона војници и персонал, од кои 1.32 милиони се воени лица, се наведува во претседателскиот декрет.
Претходниот декрет е со датум од август 2022 година и со него се утврди бројот на членовите на вооружените сили на два милиона вработени, од кои 1.15 милиони се воен персонал.
МИА