Блинкен: Примирјето заврши поради Хамас

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го обвини Хамас за прекинот на еднонеделното примирје што резултираше со ослободување на десетици заложници од Појасот Газа, велејќи дека групата не ги исполнила своите обврски и истрелала ракети во кои загинале и се повредени цивили.

– Важно е да се разбере зошто заврши паузата – таа заврши поради Хамас, рече тој во Дубаи каде учествува на климатскиот самит КОП28.

Тој рече дека Хамас извршил „грозоморен терористички напад во Ерусалим“ во кој загинаа три лица и „отстапи од обврските што ги презеде, во смисла на ослободување на одредени заложници“.

Според него, фокусот на САД е на враќање на заложниците, но пошироко „ден потоа“ за Газа и поширокиот регион на Блискиот Исток.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери

Клучот е да се тргне на пат кон траен мир и безбедност, нагласи американскиот државен секретар.

Тој додаде дека САД постојано ги потсетуваат израелските власти да ги чуваат цивилите во Газа безбедни и оти видел како земјата прави чекори кон тоа.

– Токму сега, фокусот е да се осигураат дека можат да направат сè што е можно … да се осигураат дека цивилите се заштитени, да се осигураат дека ќе дојде хуманитарна помош, рече Блинкен.

МИА

- Реклама -