Најдобрите 10 Бонд девојки

intro.jpg Најпознатиот таен агент на светот секогаш е опкружен со прекрасни жени, а неговите љубовни освојувања за некои го направија херој, додека за други го зацврстија неговиот статус како неподнослив шовинист. Тоа е и причината поради која актерки како Феј Данавеј, Кетрин Денев и Ракел Велч ја одбија улогата на Бонд-девојка. Погледнете ги најдобрите од оние што прифатија и прочитајте што се случувало зад камерите.

Најпознатиот
таен агент на светот секогаш е опкружен со прекрасни жени, а неговите
љубовни освојувања за некои го направија херој, додека за други го
зацврстија неговиот статус како неподнослив шовинист. Тоа е и причината
поради која актерки како Феј Данавеј, Кетрин Денев и Ракел Велч ја
одбија улогата на Бонд-девојка. Погледнете ги најдобрите од оние што
прифатија и прочитајте што се случувало зад камерите.

Ursula Andress како Honey Ryder
ursula_andress.jpgursula_andress_3.jpg

ursula_andress_4.jpg

Најпознатата и најпрепознатливата Бонд девојка на сите времиња. Првиот Бонд филм Dr. No ја создаде и првата Бонд икона – Ursula во бело бикини. Покрај тоа што беше неверојатно убава Honey Ryder беше и храбра, независна и далеку попаметна од Бонд. Првата Бонд девојка постави екстремно високи стандарди за сите свои наследнички.

Кога Ursula и нејзините пријатели го читале сценариото за Dr. No прснале од смеење. „Мислевме дека нема ништо полошо од тоа сценарио. Мислев дека никој нема да го види филмот, па си реков дека би можела да се обидам“ – Ова е нејзина прва улога во американски филм. Легендарното бикини го шиеле самата Ursula и некоја нејзина другарка, а иако од Dr. No таа заработи само 12 000 долари е и единствената актерка за која имиџот на Бонд девојка и` помогна да развие добра кариера.

Barbara Bach како КГБ агентката Ања Амасова
barbara_bach_2.jpgbarbara_bach_4.jpg

barbara_bach_.jpg

Руската агентка во The Spy Who Loved Me сака да му се одмазди на 007 затоа што го убил нејзиниот љубовник, но како што тоа обично бива, таа ќе се препушти на неодоливиот шарм на Џејмс Бонд. Како искусен шпион, ова е првата Бонд-девојка еднаква со самиот Бонд.

Инаку, Барбара е сопруга на Ринго Стар од The Beatles, а за Бонд смета дека е шовинистичка свиња


Britt Eckland како Mary Goodnigh
britt_ekland_2.jpgbritt_ekland_3.jpg

britt_ekland.jpg

Русокосата од The Man With The Golden Gun е Швеѓанката Eckland која беше во брак со актерот Peter Sellers. Нејзиниот лик во The Life and Death of Peter Sellers го играше Charlize Theron. Britt Eckland по разводот со Sellers имаше врска со Rod Stewart, врската заврши на суд, а Eckland продолжи да излегува со помлади мажи.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

За женксите ликови во филмовите за 007 се соглсува дека „Не е важно дали сте добра актерка. Но сепак, нема ништо порнографско кај нив, не смеете ни да ги покажете градите.“

Claudine Auger како Domino Derval
claudine_auger_4.jpgclaudine_auger_3.jpg

claudine_auger_2.jpg

Domino требаше да биде Италијанка, но продуцентите се воодушевија од Claudine, па ликот го сменија во Французинка. Поранешната Мис Франција ја играше љубовницата на главниот негативец во Thunderball, која го остава, а потоа и убива за да му помогне на Бонд.


Diana Rigg како Teresa „Tracy“ Di Vicenzo
diana_rigg_4.jpgdiana_rigg_5.jpg

diana_rigg_3.jpg

Единствената сопруга на Бонд ја видовме во On Her Majesty’s Secret Service. За жал, добрата Tracy Di Vicenzo ја убиваат на крајот на филмот.

Надвор од големото платно, тогашниот Бонд, George Lazenby, ја обвинуваше колешката дека намерно јаде лук пред љубовните сцени. Таа, пак, признава дека ја прифатила улогата за да додаде сексипил во својот имиџ, а и да стане пополурана во Америка, што не и` успеа.

Eva Green како Vesper Lynd
eva_green.jpg
eva_green_3.jpg

Eva се појави во Casino Royale и беше дел од приказната за самите почетоци на Бонд како првата девојка која му го освоила срцето. Нејзините тајни, предавство и смрт ќе го натераат Бонд да се заколне дека никогаш повеќе нема да се вљуби.

 

 


Famke Janssen како Xenia Onatopp
famke-janssen_2.jpgfamke-janssen_3.jpg

famke-janssen_4.jpg
Омилената негативка Onatopp е прекрасната актерка и модел Janssen која меѓу своите бедра ги кршеше своите непријатели во GoldenEye.

Интересен момент е дека токму оваа Бонд девојка е првата што доживеa оргазам во серијалот за 007.

Halle Berry како Giacinta ‘Jinx’ Johnson
halle_berry_2.jpg
halle_berry_4.jpg

halle_berry_3.jpg

Во веројатно најлошиот Бонд филм Die Another Day, Berry излегува од вода во бикини, повторувајќи ја легендарната сцена со Ursula Andress.

Оваа агентка го имаше тоа задоволство да води љубов со Бонд на постела од дијаманти.



Honor Blackman како Pussy Galore
honor_blackman0.jpghonor_blackman_2.jpg

honor_blackman_3.jpg

Името пред сѐ! И легендарното запознавање со Бонд во авионот. Иако во Goldfinger не беше најјасно кажано, сепак, нејзиниот лик е лезбејка. Galore е една од најсилните Бонд девојки која играше во незаборавните борби во сеното.

Blackman, која навистина знае карате, не сака ни да зборува за Pussy и не и` се допаѓа идејата луѓето да ја паметат по таа улога.


Michelle Yeoh како Wai Lin

michelle_yeoh_2.jpgmichelle_yeoh_3.jpg

michelle_yeoh_5.jpg

Како експерт по боречки вештини и агент на мисија за кинеската влада, Lin стои рамо до рамо со Бонд.

Квиз – Која Бонд девојка си ти?

- Реклама -