Јохансон: Од почетокот на годината во ЕУ илегално влегле 300.000 мигранти

Од почетокот на годината во ЕУ илегално влегле 300.000 мигранти, соопшти денеска еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, додавајќи дека во 90 отсто од случаите на илегална миграцијата на мигрантите им помагале шверцери.

Годишно шверцерите низ целиот свет заработуваат околу шест милијарди евра, посочи еврокомесарката Јохансон и додаде дека само минатата година биле идентификувани околу 15.000 лица кои се занимаваат со шверц на мигранти.

Според неа, потребна е зголемена полициска соработка и зголемени казни.

Еврокомесарката прецизираше дека само минатата година во Средоземното Море се удавиле околу 2.600 мигранти во обид да стигнат до Европа.

Во соопштението на ЕК се прецизира дека предлозите на Комисијата за дополнителни мерки против илегалната миграција ќе бидат разгледани со Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Прочитајте и:  Орбан: Европските компании плаќаат четирикратно повеќе за енергија од американските, ЕУ мора да ги преиспита санкциите против Русија

МИА

- Реклама -