Што го врти светот: Како се бира хитот што се врти на радио?

Во Што го врти светот, Јована конечно си доби можност да го постави прашањето кое ја мачи некое време: Кој ги бира радио хитовите и како? Како оној од другата страна знае која песна ќе „победи“ кај публиката? Дали вртењето на радио на една песна повеќе пати во текот на денот е доволно за таа да ни „влезе“ во уво и да стане хит?

На ова прашање одговорија Викса и Марга, колеги кои се пар во креирање на радио содржини повеќе од 30 години.

  • Тоа го прават музичките уредници, тоа се истакнати ДЏ имиња, кај нас и пошироко кои знаат да ја почувствуваат публиката. Но, технологијата напредна, па сега веќе е многу достапна информацијата за тоа Што сака пазарот? Кои се тие музички брендови? Кој е новиот звук и новите трендови кои ги диктира новата публика? Имаме и автори за кои знаеме дека, секоја песна им е хит. Пример е Ед Ширан, секоја песна која ќе излезе од кај него станува хит. Некогаш многу беше тешко да се донесе музика. Одевме во издавачките куќи за да ја купиме музиката.  – вели Марга Солтировска која е уредник на Сити радио и Клуб ФМ.

Според Викса, технологијата ги олеснува работите за се, па така и за музичките уредници. Сепак, знаењето да се препознае добра песна останува кај нив.

  • Порано еден музички уредник мораше да слуша над 80 песни неделно за да одреди која е хит. Сега полето е дигитализирано. Така од ДЏ-и кои ги чувствувале песните, денеска имаме статистика и метрика. Но како и да е секогаш она што е добро ќе исплива на крај. Имало случаи кога сите во студиото за некоја песна, ќе си речат „е ова одлична песна“ , тогаш знаеш дека тоа е тоа – додава Виска кој секое утро ги буди слушателите на Сити и Метрополис

Дознајте од искуството на Викса, дали ако една песна ја пуштите 200 пати на ден, таа може да стане хит во новата епизода од Што го врти светот со Јована:

Сите епизоди на поткастот „Што го врти светот“ може да го најдете на YouTube и Spotify платформите. Поктастот е креиран од Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, а истиот е поддржан од група на истакнати дигитални медиуми и медиумски поддржувачи. ТРН е еден од екслузивните поддржувачи на поткастот и во таа насока заедно бираме теми кои им се интересни на младата и/или урбаната публика.

- Реклама -