Хамас ги објави деталите од договорот за хуманитарно примирје во Газа

Исламистичкото движење Хамас објави соопштение за деталите договорот со Израел за примирје.

„По неколкудневни преговори, објавуваме, со помош и водство на Семоќниот Алах, постигнување договор за хуманитарно примирје (привремен прекин на огнот) во траење од четири дена. Овој резултат е потврда за упорните и за пофални напори на Катар и Египет“, се наведува во соопштението.

Во соопштението за медиумите се наведуваат следните услови од договорот: Прекин на огнот во Газа; Зголемен влез на камиони со хуманитарна и медицинска помош и гориво во сите делови на Појасот Газа; Ослободување на 50 заложници, израелски жени и деца помлади од 19 години, во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца во израелските затвори; Без израелски воздушен сообраќај во јужниот дел на Газа четири дена; Израелците нема да имаат воздушен сообраќај во северниот дел на Газа шест часа дневно, од 10 до 16 часот; Слобода на движење за цивилите, особено по патот Салах ал Дин.

Прочитајте и:  ХРВ: Принудното раселување на населението од Појасот Газа е воено злосторство

„Условите на овој договор беа формулирани со визија да му служиме на нашиот народ и да ја зајакнеме неговата непоколебливост пред агресијата, секогаш имајќи ги предвид жртвите, страдањата и грижите“, се посочува во соопштението на Хамас.

МИА

- Реклама -