Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека денеска ја посетил Фондацијата Заев каде што се сретнал и со директорот на Фондацијата, односно поранешниот премиер Зоран Заев.
„Благодарност од срце за иницијативите на Фондацијата Заев за остварувањето на образовни, социјални, научни и хуманитарни интереси, преку унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, деловната заедница, културата, спортот, уметноста, јавното здравје, едукацијата на млади во различни области и заштита на животната средина“, напиша Спасовски во објавата.
Тој додава дека продолжуваат со соработката која значи европска трансформација на општественото живеење во нашата држава.