Ганц: Борбите во Газа ќе продолжат и доколку Израел се согласи на хуманитарни паузи

Израелскиот министер и член на воениот кабинет, Бени Ганц, денеска изјави дека дури и да се согласи на пауза во борбите во замена за ослободување на заложниците, Израел ќе продолжи да води борби против Хамас во Појасот Газа.

„Дури и доколку е потребен прекин на огнот за враќање на заложниците, нема да има запирање на војната“, рече Ганц за време на посетата на военото раководство во северен Израел, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека Израел ќе продолжи да се бори „додека не се постигнат нашите цели“ и изјави дека „се прават сите политички и воени напори девојчињата и момчињата безбедно да се вратат дома“.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

„Правиме сè што е можно за да ги вратиме сите, на кој било начин“, рече Ганц.

Проценките се дека во моментов во Појасот Газа има околу 240  заложници кои беа киднапирани од терористите на Хамас за време на нападот врз Израел на 7 октомври.

МИА

- Реклама -