Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека ги зазеле владините згради на палестинското исламистичко движење Хамас во градот Газа, вклучително и парламентот и владините и полициските објекти.
На фотографиите објавени од ИДФ на социјалните мрежи се гледа како израелски војници го истакнуваат израелското знаме на говорницата во палестинскиот Парламентот. Исто така е објавена и фотографија на која израелски војници позираат пред ѕидот со лого на кое пишува „Штаб на воена полиција“.
ИДФ тврдат дека ја освоила и зградата на Инженерскиот факултет на Универзитетот во Газа, која „служела како институт за производство и развој на оружје“ и уште еден комплекс на Хамас, каде се вршела обука на борци, имало команден центар, соби за испрашување и ќелии за притвор.
МИА