Нетанјаху: Хезболах си игра со оган, ќе ги повредиме сите кои нè повредиле нас

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, при денешната посета на Единица 585 или познат како баталјон на Бедуините, упати предупредување до Хезболах, истакнувајќи оти либанската терористичка група „си игра со оган“.

„Има такви кои мислат дека можат да ги прошират своите напади против нашите војници и против цивилите. Ова е играње со оган. Огнот ќе биде пресретнат со многу посилен оган. Тие не смеат да нè предизвикуваат, бидејќи покажавме само мал дел од нашата моќ. Ќе ги повредиме сите кои нè повредиле нас“, истакна Нетанјаху без да го спомне Хезболах.

Тој наведе и дека израелските безбедносни сили ќе го елиминираат Хамас.

„Ќе ја вратиме безбедноста на север и на југ … Хамас ќе биде елиминиран“, потенцира Нетанјаху.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

МИА

- Реклама -