Филмската архива на Европа им го понуди на филмофилите својот фонд на интернет. Филмовите се достапни за гледање онлајн, а во архивата има и неколку македонски документарни филмови.
Филмската архива на Европа им го понуди на филмофилите својот фонд на
интернет. Филмовите се достапни за гледање онлајн, а во архивата има и
неколку македонски документарни филмови.
Интернетот е како создаден за истражување на филмската историја, а под тоа не се подразбира само симнување на торенти. Еве, европјаните се организираа и ја креираа веб страницата Europa Film Treasures на која се наоѓа архива од почетокот на филмот, па се до денес. За да биде полесно, овозможено е и пребарување според временскиот период, земјата на потекло, жанрот, видот на филмот, звучноста на насловот или режисерот. На листата на поединечни архиви се наоѓа и македонската која е единствена од бившите ју-простори која моментално нуди филмови за гледање онлајн.
Покрај секој филм кој може да се погледне, но не и да се преземе, се наоѓа и краток опис и технички податоци, историја на настанувањето на филмот и биографии на тие што се вклучени во правењето. Сега-засега нема некои позвучни имиња, но проектот е во својот зачеток и добро ќе им послужи на оние што се заинтересирани за филмската историја. За пошироката публика, најверојатно ќе им биде најинтересна архивата од жанрот еротика. [Europa Film Treasures]