Галант: Ние сме во продолжена војна, мора да обезбедиме нормален живот за Израелците

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека Израел е во „продолжена војна“ и дека мора да се обезбеди нормален живот за Израелците.

„Мораме брзо да ги решиме работите, по цена да не го направиме тоа совршено“, рече Галант за време на состанокот со комитетот за економија во вонредни ситуации, кој вклучува владини и локални претставници.

Тој истакна дека воениот план бил да се запре ракетниот напад на групата Хамас за да може да продолжи јавниот и цивилниот живот на Израелците во близина на Појасот Газа.

Галант изјави дека копнената операција на Израелските одбранбени сили во Газа „потиснува значителен дел од заканата за домашниот фронт“.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

„Ракетниот оган на Хамас овие денови главно се обидува да ја наруши рутината на нормалниот живот. Мораме да се погрижиме граѓаните да бидат безбедни, како и да им овозможиме непрекината дневна рутина“, додаде Галант.

МИА

- Реклама -