За осум години 250 илјади албански граѓани ја напуштиле Албанија

Вкупно 250 илјади албански граѓани ја напуштиле државата во период од осум години, покажуваат податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за периодот од 2011-2019 година.

Ако се направи пресметка излегува дека речиси по 100 албански граѓани секој ден заминувале од земјата.

Овој податок беше изнесен на трибина организирана од Албанскиот хелсиншки комитет на на која се разговараше за предизвиците кои длабоко ја засегаат албанската популација: миграциските текови и феноменот на одлив на мозоци.

-Сведоци сме на фактот, а и бројките потврдуваат дека Албанија е повеќе транзитна земја отколку дестинација. Во 2022 година на територијата на Албанија биле фатени 11.216 илегални мигранти, рече еден од најпознатите политички аналитичари, Лутфи Дервиши.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

Амбасадорот на Кралството Холандија, во Албанија, истакна колку е чувствително прашањето за имиграцијата во неговата земја.

– За две недели имаме избори во Холандија и ве уверувам дека легалната и илегалната имиграција се на врвот на агендата, изјави Реиноут Вос, амбасадор на Кралството Холандија во Албанија.

Според Андре Рицо, од Делегацијата на Европската Унија во Албанија протокот на емиграција низ патиштата од Западен Балкан е намален за 25 отсто во однос на минатата година.

МИА

- Реклама -