Белгиски премиер: Ова што се случува во Газа не е пропорционално

Белгискиот премиер Александар Де Кро изјави дека „она што денес се случува во Газа повеќе не е пропорционално“.

Тој ја нагласи осудата на белгиската влада за масакрот на 7 октомври од страна на Хамас и правото на Израел да се брани.

„Ако некој бомбардира цел бегалски камп со намера да елиминира еден терорист, тогаш мислам дека тоа повеќе не е пропорционално“, рече тој.

Де Кро додаде дека е сосема логично да се бара решение за Хамас, но прашање е како да се пронајде решение со политички дијалог, пауза во борбите и ослободување на сите заложници.

„Нашата земја не зазема страна. Она што го избираме е крај на насилството и илјадниците цивилни жртви“, додаде тој, пренесуваат белгиските медиуми.

Прочитајте и:  Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел, подготвена e да започне операции доколку се почувствува загрозена

МИА

- Реклама -