Министерство за здравство во Газа: Повеќе од 10.000 Палестинци загинаа од почетокот на судирите

Бројот на загинати Палестинци во тековната војна со Израел достигна 10.022 лица, вклучувајќи 4.104 деца и 2.641 жени, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа.

Портпаролот на Министерството соопшти дека бројот на повредени Палестинци од 7 октомври досега се искачи на 25.408 лица.

Тој посочи дека болницата Ал Рантиси двапати била цел на израелски воздушни напади, како и Центарот за рак и Специјализираниот детски центар. Во израелските воздушни напади уништени се и соларните панели и резервоарите за вода во болницата Ал Рантиси, пренесува Ал Џезира.

Портпаролот рече дека Израел извршил 18 напади во изминатите часови, при што загинаа 252 лица.

Од 7 октомври досега загинаа 192 припадници на медицински персонал, а уништени се 32 амбулантни возила, додека 16 болници сега се надвор од функција.

Прочитајте и:  ХРВ: Принудното раселување на населението од Појасот Газа е воено злосторство

МИА

- Реклама -