Бербок убедена дека ЕУ во декември ќе ја поддржи кандидатурата на Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека е уверена оти ЕУ ќе ја поддржи кандидатурата на Украина да се приклучи на блокот следниот месец на самитот што се смета за клучна пресвртница во напорите на Киев да се интегрира со Западот.

Претставувајќи го проширувањето на ЕУ како геостратешка неопходност, Бербок на конференцијата во Берлин рече дека блокот од 27 нации, исто така, треба да продолжи со исцрпувачките внатрешни реформи за да може да функционира со повеќе од 30 членки.

Таа рече дека ја гледа Украина како членка на Европската унија.

„Европската унија мора да се прошири, што е геополитичка последица на руската агресија врз Украина“, рече шефицата на германската дипломатија.

Прочитајте и:  Зеленски имал „одличен“ разговор со Трамп по победата

На самитот на 14 и 15 декември лидерите на ЕУ ќе одлучат дали на Украина ќе ѝ одобрат формален почеток на преговорите за членство, што е врвен приоритет на Киев заедно со финансиска и воена поддршка од Западот.

„Убедена сум дека Европскиот совет ќе испрати таков сигнал во декември“, рече Бербок.

МИА

- Реклама -