Можна е директна војна со Полска со опасни последици за целиот свет, вели Медведев

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев денеска предупреди дека дејствијата на Полска може да доведат до директна конфронтација со Русија и Белорусија и „да ја започне Третата светска војна“.

„Полското воено засилување и полското воено присуство во Украина може да предизвикаат директна конфронтација меѓу Варшава и Белорусија и Русија“, изјави Медведев за весникот „Руска газета“.

Во овој случај, како што предупреди тој, сојузничката група ќе даде соодветен одговор за да ги спречи заканите кои произлегуваат од „злите амбиции на полскиот естаблишмент“.

Според Медведев, „непромислените постапки на Полска, доколку нивните сојузници од НАТО одеднаш ги поддржат, може да имаат далекусежни и опасни последици за целиот свет“.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

„И тогаш Полска ќе ја исполни улогата на ‘хиена’ на Европа која ја започнала Третата светска војна“, рече тој.

МИА

- Реклама -