Се разгорува уште еден фронт за Израел, ескалираат борбите со Хезболах

Хезболах соопшти дека извршил повеќекратни напади врз позициите на израелската армија, вклучувајќи го и првиот со дронови опремени со експлозиви, додека Израел изврши воздушни напади во јужен Либан.

Израелската војска соопшти дека одговорила на лансирањето од Либан со воздушни напади врз цели на Хезболах со тенковски и артилериски оган.

Хезболах соопшти дека неговите борци извршиле 19 симултани напади врз позициите на израелската армија во Израел користејќи наведувани ракети, артилерија и друго оружје. Хезболах соопшти дека два дронови полни со експлозиви погодиле командна станица на израелската армија во областа Шеба Фармс на границата.

Израелски гранати ја погодија периферијата на градот Кијам на околу шест километри од границата, при што е полесно повреден еден цивил, изјави градоначалникот на градот, Али Рашед.

Прочитајте и:  САД му испорачуваат на Израел дополнителни 12 ловци Ф-15

МИА

- Реклама -