Залужњи: Војната со Москва станува исцрпувачка, на армијата ѝ се потребни нови капацитети

Генерал Валериј Залужњи, украински командант на ГШ, изјави дека војната со Русија преминува во нова фаза на статични и исцрпувачки борби, што, предупреди, може да биде од корист за Москва и да ѝ овозможи да ја врати својата воена моќ.

Во интервју за „Економист“, Залужњи рече дека на украинската армија ѝ се потребни клучни нови воени капацитети и технологија, од кои најважно е воздушното воено засилување, со цел да излезе од новата фаза на војната, која влезе во 21. месец.

Тој додаде дека залихите на оружје на Западот се покажале недоволни со оглед на долгите руски мински полиња. Во некои области, тие се протегаат до 20 километри.

Прочитајте и:  ЕУ размислува да го замени рускиот течен гас со американски гас, објави Урсула фон дер Лајен

Тој остро ја опиша опасноста од фазата на исцрпувачки борби:

„Ова ќе биде од корист за Русија. Тоа ќе ѝ овозможи да ја врати својата воена моќ, што на крајот ќе биде закана за украинските вооружени сили и на самата држава“.

Тој рече дека приоритет за Украина е зајакнување на резервните сили, иако Украинците имаат ограничен капацитет да ги обучуваат во земјата.

„Се обидуваме да ги решиме тие проблеми. Воведуваме единствена евиденција на регрути, а мора да ја прошириме и категоријата граѓани кои ќе можеме да ги повикаме на обука или мобилизација“, рече Залужњи.

МИА

- Реклама -