Пратениците на Левица поднесоа Декларација за солидарност со палестинскиот народ

Пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денеска до претседателот на Собранието поднесоа Предлог-Декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација.

Во Декларацијата составена од девет точки, која, велат, се темели на неколку меѓуанародни акти и резолуции на Обединетите Нации, меѓудругото се бара осуда на воените злосторства врз палестинските цивили извршени од страна на безбедносните сили на Израел и осуда на политиките на апартхејт имплементирани врз палестинскиот народ.

Во Декларацијата, исто така, се бара од Владата да ја признае независната држава Палестина и да воспостави дипломатски односи на ниво на амбасади, а од Претседателот на Републиката се бара веднаш да го отповика македонскиот амбасадор во ООН, кој гласаше воздржано за Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за заштита на палестинските цивили, како и вклучување на припадници на АРМ во мировните мисии на ООН за пружање хуманитарна помош на Појасот Газа.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

„Со оваа Декларација, пратениците на Левица, му предлагаат на Собранието на РМ, како уставен носител на законодавната власт и средиште на парламентарниот плурализам, да го изрази својот политички став за неприфатливите, нечовечки и страотни сцени на масакри и колективна траума кои секојдневно доаѓаат од разурнатата Газа, осудувајќи ја илегалната израелска окупација на палестинските територии.

Сметаме дека нормативниот текст на Декларацијата во склад со традицијата на југословенската дипломатија и истиот е прифатлив за сите политички чинители застапени во македонскиот парламент, а ова особено во духот на интернационализмот и меѓународната солидарност“, се вели во соопштението на партијата.

- Реклама -