Ерусалимската православна црква го обвини Израел за бомбардирањето на нејзиниот културен центар во Газа

Ерусалимската православна црква го обвини Израел денеска за бомбардирањето во текот на ноќта на нејзиниот културен центар во градот Газа и го осуди „директниот и неоправдан напад“.

„Овој напад претставува остро олицетворение на неоправданата решеност на Израел да ја уништи цивилната инфраструктура и центрите за социјална служба, како и засолништата за цивилите заробени во опколената енклава“, се вели во соопштението на црквата.

МИА

Прочитајте и:  Десетици вооружени хулигани запалија трамвај во Амстердам
- Реклама -