Володин предупредува: Русија може да заплени многу повеќе европски имот отколку тие руски

Претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, денеска изјави дека Русија може да преземе мерки за запленување на имотот на земјите-членки на Европската унија, доколку ЕУ продолжи да „краде“ замрзнати руски средства.

„Голем број европски политичари повторно почнаа да зборуваат за кражба на замрзнатите средства на нашата земја со цел да продолжи милитаризацијата на Киев“, напиша тој на Телеграм.

Володин рече дека Москва ќе одговори со мерки кои би наметнале значителни трошоци за ЕУ доколку преземе акција против руските средства, од кои значителен дел се наоѓаат во Белгија.

„Ваквата одлука ќе бара симетричен одговор од Русија. Во тој случај ќе бидат запленети многу повеќе имоти на непријателските земји отколку нашите замрзнати средства во Европа“, нагласи Володин.

Прочитајте и:  Борел: Не треба да се дозволи договор меѓу Вашингтон и Москва кој не ги зема предвид ставовите на Киев и ЕУ

Извор: МИА

- Реклама -