Фицо сака гаранција од Украина дека 50-те милијарди евра од ЕУ нема да бидат злоупотребени, бара дел од парите да бидат за Словачка

Новиот словачки премиер Роберт Фицо во дебатата со другите лидери на Европска Унија за помошта на Украина од 50 милијарди евра истакна дека бара од Киев гаранции дека парите на ЕУ нема да бидат злоупотребени.

„Дел од парите треба да се искористат за обнова на инфраструктурата на Словачка во пограничните области со Украина и за поддршка на словачките компании вклучени во обновата на Украина“, посочи Фицо.

Тој истакна и дека Словачка е против намалување на фондовите на ЕУ наменети за поддршка на земјоделците и надминување на разликите.

„Зголемениот буџет на ЕУ ќе се користи за поддршка на конкурентноста на ЕУ и борбата против илегалната миграција“, посочи Фицо.

Прочитајте и:  Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема

МИА

- Реклама -