Шпанска министерка побара обвинение за Нетанјаху, прекин на дипломатските односи и санкции и ембарго за Израел

Шпанската министерка за социјални права, Јоне Белара, повика на подигање обвинение против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг поради израелските воздушни напади врз Појасот Газа.

Во видеото објавено на платформата Икс левичарската министерка истакна дека тоа важи и за луѓето одговорни за бомбардирањето во кое загинаа илјадници жители на Појасот Газа.

Министерката од партијата Унидас Подемос, коалициски партнер на премиерот Педро Санчез, ги повика европските земји да ги прекинат дипломатските односи со Израел и да воведат економски санкции и ембарго за оружје за Израел.

МИА

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
- Реклама -