Ако често си го поставувате ова прашање тогаш овие две веб страници се вашиот одговор. На Tastekid го внесувате насловот на вашиот омилен филм и добивате листа на препорачани филмови кои се слични со него заедно со корисни информации за истите. MovieLens, пак, е веб страница каде добивате повеќе персонализирани препораки кои се скроени по ваш вкус, базирани врз вашите оценки на други филмови. Откако ќе се логирате треба да оцените најмалку 15 филмови за да добиете поверодостојни препораки врз основа на вашиот личен вкус за филмови.