Стејт департмент: Хамас спречи цивили да стигнат до преминот Рафа

Милитантите на Хамас повремено спречуваа луѓе да се приближат до граничниот премин Рафа, соопшти американскиот Стејт департмент.

Портпаролот Метју Милер изјави за Си-Ен-Ен дека спорадичното присуство на Хамас на граничниот премин Рафа ја направи ситуацијата „исклучително тешка“, но дека Египќаните се подготвени да примат американски и други странски државјани кои пристигнуваат на нивната страна од границата.

– Повремено Хамас немаше никој таму да ја чува граничната станица. Во други случаи, видовме дека милитантите на Хамас активно користат оружје за да ги спречат луѓето да се приближат до преминот, рече тој.

МИА

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -