Зеленски: Ако Русија ја нападне енергетската инфраструктура, Украина ќе возврати

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Украина во текот на зимата ќе ѝ возврати на Русија доколку Москва изврши воздушен напад со цел да ја парализира националната енергетска мрежа.

Украина стравува дека Русија планира да ја бомбардира клучната енергетска инфраструктура за да го деморализира населението. Милиони Украинци се соочија со прекин на електричната енергија минатата зима бидејќи Русија ги нападна енергетските капацитети со проектили и беспилотни летала.

„Оваа година не само што ќе се браниме, туку и ќе одговориме“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој истакна дека Кремљ е свесен за подобрената готовност на Украина да одговори на руските напади.

„Непријателот добро го разбира ова. За почеток, тие ја преместија својата флота од Крим, а сега ја преместуваат авијацијата подалеку од нашите граници“, посочи Зеленски.

Прочитајте и:  Украина за написот на „Тајм“: Не планираме да развиеме нуклеарно оружје

МИА

- Реклама -